| четврток, 6 декември 2018 |

Танга – опасна или не?

tanga (1)

Секако дека нема жена која во својот плакар за долна облека нема барем една танга. Најмногу ги сакаме во лето бидејќи со нив се чувствувааме секси. Но прашањето е: Дали тангите се секси, но штетни за здравјето?

Иако се мали и секси, овој тип на долна облека има големо влијание врз појавувањето на вагинални и уринарни инфекции. Причината за тоа е што во повеќето случаи тангите се направени од синтетика, и во контакт со топлина и влага представуваат совршено место за размножување на бактериите.

Еве што ги советува познат американски гинеколог девојките кои не можат да им одолеат на фамозната танга:
– Никогаш не облекувајте танга кога е топло или влажно.
– Купувајте танга од природни материјали како памук и свила
– Носете големина на танга која ви одговара. Тангите со помал број од вашиот се поопасни.
– Избегнувајте да носите танга цел ден.
– Не купувајте костим за капење со танга гаќички

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top