Британски научници тврдат дека особено хирурзите, боксерите и тениските играчи треба да гледаат филмови во 3Д формат пред да се соочат со некој тежок предизвик.
Според „Гардијан“, ново британско истражување открива дека гледањето на овие филмови би можело да влијае на подобрувањето на функциите на мозокот. Студијата на научниците Патрик Феган од Универзитетот Голдсмитс и професорот Брендан Вокер од Лабораториите Трил, покажуваат дека по гледањето на 3Д филмови кај гледачите е забележано зголемување на когнитивната обработка на информации за 23 отсто, додека времето на реакција им е подобрено за 11 отсто.
Заради споредба, кај лицата кои гледале 2Д филм, времето на реакција било пет пати послабо. Претходните истражувања утврдиле дека гледањето филмови во 3Д технологија не придонесува за поголемо уживање на гледачите и дека дури во некои случаи предизвикува вртоглавица и главоболка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.