Обединетите нации денеска соопштија дека 55.000 луѓе побегнале од ирачкиот град Рамади, кој беше освоен од џихадистите на Исламска држава.
ИД го освои Рамади, град во најголемата провинција Анбар, во текот на неделата и тоа е нејзина најголема победа уште од средината на минатата година.
Претставникот на Агенцијата на ОН за бегалци Адријан Едвардс изјави дека од околината и од Рамади од почетокот на април побегнале 128.000 луѓе.
– Потоа уште околу 55.000 луѓе во текот на месецот го напуштија градот поради борбите. Околу 90 проценти од тие што избегаа од почетокот на офанзивата на ИД, останаа во провинцијата Анбар, посочи Едвардс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.