| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се оди подлабоко во исполнување на Охридскиот договор, најавува лидерот на СДСМ

заев3

Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница.Ова во интервју кое се емитуваше синоќа во емисијата „Jeta në Kosovë“  на косовската телевизија РТК 1 го вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ додава дека сите мора да имаат еднакви права и потенцира за  „неискрено однесување на оваа Влада и претходните Влади во однос на исполнувањето на Охридскиот рамковен договор“.

Многумина зборуваат за Охридскиот договор, но ние мора да одиме подлабоко. Нема чесен однос на Владата и владите претходно во исполнување на критериумите од охридскиот договор. Нашата партија мора да го смени тоа-вели Заев.

– За мојата партија со нашата програма ние мора да го смениме тоа. Како ќе изгледа, како ли ќе изгледа промената во иднина. Во нашата земја е една држава со две општества, на Македонците и на Албанците. Ние треба да изградиме една држава со едно општество – вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top