| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп има патека на славните како таа во Лос Анџелес

Мар­ко Це­пен­ков, Бла­же Ко­не­ски и Кру­ме Ке­пе­ски, ка­ко и Пе­це Ата­на­сов­ски од об­ла­ста на му­зи­ка­та, се са­мо дел од поз­на­ти­те при­леп­ча­ни, чи­и­што ими­ња се нај­доа на па­те­ка­та на слав­ни­те пред До­мот на кул­ту­ра­та „Мар­ко Це­пен­ков“ во При­леп

Гра­дот При­леп е си­но­ним за ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, гра­дот хе­рој, гра­дот што на 11 октом­ври прв се кре­на во ан­ти­фа­ши­стич­ка­та вој­на, гра­дот на Мар­ко Це­пен­ков, Бла­же Ко­не­ски, Кру­ме Ке­пе­ски, Ста­ле По­пов, Ко­ле Ча­шу­ле, гра­дот на Пе­це Ата­на­сов­ски и на Ата­нас Ба­дев, на Бор­ко Ла­зе­ски, На­да Ге­шо­ска, Или­ја Џу­ва­ле­ков­ски, Дар­ко Да­ме­ски, Или­ја Мил­чин… и на уште без­број ими­ња на зас­луж­ни гра­ѓа­ни, гра­дот на те­а­тар­ски­от фе­сти­вал „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“, на „Пи­во-фест“, на При­леп­ско кул­тур­но ле­то, на кар­не­ва­лот „Проч­ка“, на по­ет­ско­то „Мар­ку­ку­ле“…

reportaza141-Prilep-3

reportaza141-Prilep-9

Сме­стен во се­вер­ни­от дел на Пе­ла­го­ни­ска­та Кот­ли­на, во јуж­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, до При­леп се стиг­ну­ва пре­ку ма­ги­страл­ни­от пат М-5, на 128 км од Скоп­је. При­леп е поз­нат ка­ко гра­дот под Мар­ко­ви­те ку­ли по­ра­ди не­го­ва­та бли­зи­на до ку­ли­те на ле­ген­дар­ни­от хе­рој Кра­ли Мар­ко. Во бли­зи­на на гра­дот се ма­на­сти­ри­те Тре­ска­вец, Зр­зе и „Ар­хан­гел Ми­ха­ил“, кои има­ат фре­ски од 12 и од 14 век и се зна­чај­ни зна­ме­ни­то­сти на кул­ту­ра­та во При­леп. Во бли­зи­на на ма­на­сти­рот Тре­ска­вец, та­му под Зла­то­врв се сни­ме­ни дел од сце­ни­те на фил­мот „Пред дож­дот“ на Мил­чо Ман­чев­ски, за кој ре­жи­се­рот до­би „Злат­на пал­ма“ во Ве­не­ци­ја. Не­по­сред­но пред да вле­зе­те во гра­дот се срет­ну­ва­те и со по­ли­ња­та на кои е за­са­ден ту­тун, а При­леп е поз­нат и по раз­ви­е­на­та ту­тун­ска ин­ду­стри­ја. Но, овој пат до­а­ѓа­ме за да го по­се­ти­ме ре­кон­стру­и­ра­ни­от Дом на кул­ту­ра­та „Мар­ко Це­пен­ков“. Сме­стен во са­ми­от цен­тар на гра­дот, До­мот, за­ед­но со па­те­ка­та на зас­луж­ни­те гра­ѓа­ни од При­леп, ка­ко и умет­нич­ки­от пло­штад, вос­хи­ту­ва­ат.

– Комп­лет­но­то ре­но­ви­ра­ње на са­ла­та оп­фа­ти про­ме­на на по­дот, уре­ду­ва­ње на сце­на­та и на но­ви­от си­стем за за­гре­ва­ње, а це­лос­но се сре­де­ни 600 се­ди­шта – ве­ли ди­ре­кто­рот на Цен­та­рот, То­ни Чат­ле­ски.

reportaza141-Prilep-8

За гра­до­на­чал­ни­кот Мар­јан Ри­сте­ски ова е го­лем за­фат, осо­бе­но што бил за­вр­шен во пре­срет на ју­би­леј­но­то пет­де­це­ни­ско одр­жу­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от те­а­тар­ски фе­сти­вал „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“.

– Ре­но­ви­ра­ње­то на са­ла­та се из­вр­ши по 36 го­ди­ни од из­град­ба­та на об­је­ктот и мно­гу ги по­до­бри ус­ло­ви­те за мно­гу­број­ни­те кул­тур­ни на­ста­ни во гра­дот, од кои нај­го­ле­ми­от дел се одр­жу­ва­ат ток­му ту­ка – из­ја­ви Ри­сте­ски.

reportaza141-Prilep-5

Умет­нич­ки­от пло­штад, пак, се на­о­ѓа пред До­мот на Кул­ту­ра­та „Мар­ко Це­пен­ков“, не­го­ва­та град­ба се вр­ше­ла во три фа­зи. Во пр­ва­та фа­за е из­гра­де­на го­ле­ма ша­хов­ска таб­ла и се пре­ре­де­ни но­ви плоч­ки, вто­ра­та фа­за вклу­чи­ла по­ста­ву­ва­ње по­ве­ќе скулп­ту­ри и пра­ве­ње па­те­ка на слав­ни­те, слич­на на таа во Лос Ан­џе­лес, но со при­леп­ча­ни што при­до­не­ле за гра­дот, а во тре­та­та фа­за се до­из­гра­дил пло­шта­дот пред спо­ме­ни­кот на Мар­ко Це­пен­ков и град­ска­та биб­ли­о­те­ка.

reportaza141-Prilep-4

Пло­шта­дот е уште по­е­фе­ктен и со по­ста­ву­ва­ње­то впе­чат­ли­ви во­де­ни за­ве­си. Во овој дел од умет­нич­ки­от пло­штад се по­ста­ве­ни спо­ме­ни­ци на Бла­же Ко­не­ски и на Кру­ме Ке­пе­ски, а про­сто­рот е збо­га­тен со но­во зе­ле­ни­ло и со мо­дер­на ур­ба­на опре­ма.

reportaza141-Prilep-6

Де­нес При­леп е си­лен еко­ном­ски и прос­пе­ри­те­тен град. До­ма­ќин е на те­а­тар­ски­от фе­сти­вал „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“, кој се одр­жу­ва во чест на пр­ви­от мо­де­рен ма­ке­дон­ски автор на дра­ми Вој­дан Чер­но­дрин­ски. Ос­но­ван во 1965 го­ди­на, од поз­на­ти ма­ке­дон­ски акте­ри, кои ја да­ле це­ла­та сво­ја под­др­шка, ка­ко На­да Ге­шо­ска, Дим­че Ге­шо­ски, ре­жи­се­рот Мир­ко Сте­фа­нов­ски и дру­ги, овој те­а­тар­ски Фе­сти­вал е нај­го­лем и најз­на­ча­ен за ма­ке­дон­ска­та те­а­тар­ска деј­ност, ка­ко и по­ши­ро­ко на Бал­ка­нот, чи­и­што приз­на­ни­ја се од го­ле­ма важ­ност во жи­во­тот на акте­ри­те. Фе­сти­ва­лот се одр­жу­ва се­ко­ја го­ди­на, во пр­ва­та не­де­ла од ју­ни.

reportaza141-Prilep-7

Но, се­пак најв­пе­чат­ли­во не­што во цен­та­рот на гра­дот е па­те­ка­та на слав­ни­те при­леп­ча­ни, ко­ја е слич­на на таа во Лос Ан­џе­лес и им се од­дол­жу­ва на зас­луж­ни­те умет­ни­ци, по­ли­ти­ча­ри, лин­гви­сти и акте­ри што по­тек­ну­ва­ат од овој град.

– Со од­лу­ка на Со­ве­тот на оп­шти­на­та на па­те­ка­та на слав­ни­те се впи­ша­ни ими­ња­та на Бор­ко Ла­зе­ски и на Ѓор­ѓи Аче­ски – Аче од ли­ков­на­та деј­ност, а од ма­ке­дон­ски­те актер­ски до­а­је­ни за­пи­ша­ни се На­да Ге­шо­ска, Или­ја Џу­ва­ле­ков­ски, Дар­ко Да­ме­ски и Или­ја Мил­чин – ве­лат при­леп­ча­ни.

– Со­ве­тот ги одре­ди кри­те­ри­у­ми­те и во ид­ни­на на таа па­те­ка ќе се нај­дат ими­ња­та на вкуп­но 62 при­леп­ча­ни, кои со сво­и­те де­ла ги за­дол­жи­ле гра­дот и др­жа­ва­та – ве­лат од оп­шти­на­та.

reportaza141-Prilep-2

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 141. број на неделникот „Република“, 15.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top