| четврток, 6 декември 2018 |

Пиринеите се врвот на Лигата на Европа

Се­вил­ја има исто­ри­ска шан­са вечерва во Вар­ша­ва да би­де пр­ва­та еки­па со че­ти­ри ти­ту­ли во Ли­га­та на Евро­па и прв клуб што два­па­ти ја од­бра­нил ти­ту­ла­та. Хи­тот на овој цик­лус, еки­па­та на Дни­про, прв­пат игра фи­на­ле во европ­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње, а за не­го е ин­те­рес­но што под­ви­гот го на­пра­ви без на­стап на сво­јот ста­ди­он во Дни­про­пе­тровск по­ра­ди вој­на­та во Укра­и­на

Европ­ски­те нат­пре­ва­ри во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и во Ли­га­та на Евро­па се во са­ма­та за­врш­ни­ца, а кул­ми­на­ци­ја­та поч­ну­ва на денеска со фи­на­ле­то во Вар­ша­ва ме­ѓу Се­вил­ја и Дни­про во ЛЕ, а кру­на на се­зо­на­та е ме­чот за европ­ска­та ти­ту­ла во ЛШ во Бер­лин на 6 ју­ни ме­ѓу Ју­вен­тус и Бар­се­ло­на.

Две­те нат­пре­ва­ру­ва­ња се раз­лич­ни, но ја прет­ста­ву­ва­ат европ­ска­та фуд­бал­ска ели­та.

Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те е мно­гу по­бо­гат си­стем на нат­пре­ва­ру­ва­ње, лу­ксуз за ги­ган­ти­те на европ­ски­от фуд­бал, а има дра­стич­на раз­ли­ка и во на­град­ни­от фонд, во за­ра­бо­тка­та и од мар­ке­тинг, спон­зо­ри, ТВ-пра­ва, би­ле­ти.

УЕ­ФА ка­ко ор­га­ни­за­тор на две­те нат­пре­ва­ру­ва­ња се оби­ду­ва да ја на­ма­ли раз­ли­ка­та, да ја приб­ли­жи Ли­га­та на Евро­па до Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, а од оваа се­зо­на е на­пра­ве­на пр­ва­та зна­чај­на ре­фор­ма. По­бед­ни­кот од Вар­ша­ва след­на­та се­зо­на ќе игра во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, што е најз­на­чај­на­та про­ме­на во шес­тго­диш­но­то по­сто­е­ње на овој фор­мат на Ли­га­та на Евро­па, си­стем што е нас­лед­ник на по­ра­неш­ни­от Куп на УЕ­ФА.

sport142-UEFA-Europa-League-2

Пр­ва пе­то­ле­тка со шпан­ско-пор­ту­гал­ска до­ми­на­ци­jа

Фуд­бал­ски­те струч­ња­ци со пра­во ја истак­ну­ва­ат до­ми­на­ци­ја­та на шпан­ски­те клу­бо­ви во Ли­га­та на Евро­па, фор­ми­ра­на во се­зо­на­та 2009/10. Прв по­бед­ник бе­ше Ат­ле­ти­ко Ма­дрид, единс­тве­на­та еки­па што има две ти­ту­ли во пе­тго­диш­ни­от цик­лус. Ако по­бе­ди во Вар­ша­ва и Се­вил­ја ќе има два тро­фе­ја ка­ко и Ат­ле­ти­ко, а до­ми­на­ци­ја­та на еки­пи­те од Пи­ри­неј­ски­от По­лу­о­стров ќе би­де ре­чи­си ап­со­лут­на.

Са­мо Чел­си ус­пеа да го раз­бие шпан­ско-пор­ту­гал­ски­от по­бед­нич­ки од, со три­умф над Бен­фи­ка во фи­на­ле­то пред две го­ди­ни. Ат­ле­ти­ко два­па­ти и Се­вил­ја и Пор­то по ед­наш се иска­чи­ја на тро­нот во ЛЕ, со што со пра­во се ве­ли де­ка Пи­ри­не­и­те се вр­вот на Ли­га­та на Евро­па.

Уште по­фра­пант­но зву­чи по­да­то­кот де­ка са­мо две еки­пи што не се од Шпа­ни­ја или од Пор­ту­га­ли­ја учес­тву­ва­ле во фи­нал­ни­те ме­че­ви за пе­ха­рот. Чел­си го освои тро­фе­јот во се­зо­на­та 2012/13 со три­умф над Бен­фи­ка од 2-1, а Фу­лам за­гу­би од Ат­ле­ти­ко Ма­дрид во пр­во­то фи­на­ле во ЛЕ со 1-2 по про­дол­же­ни­ја. Две еки­пи од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и ду­ри осум од Иберискиот полуостров во ком­би­на­ци­ја на шпан­ски и пор­ту­гал­ски еки­пи се бо­реа за ти­ту­ла­та на УЕ­ФА во ЛЕ.

Па­тем, Се­вил­ја е во го­ле­ма­та че­твор­ка во ова нат­пре­ва­ру­ва­ње што има најм­но­гу ти­ту­ли – три, за­ед­но со Ју­вен­тус, Ин­тер и со Ли­вер­пул.

Но­ви­от фор­мат, кој функ­ци­о­ни­ра од се­зо­на­та 2009/10, пред­ви­ду­ва учес­тво на 48 еки­пи кои игра­ат фа­за по гру­пи иден­тич­но ка­ко и во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, а по­тоа поч­ну­ва но­ка­ут-фа­за­та со 32 нај­до­бри еки­пи. До кра­јот се игра на ис­па­ѓа­ње со дво­меч ме­ѓу ти­мо­ви­те што про­дол­жу­ва­ат на­та­му.

 

Ше­е­се­тго­ди­шен jу­би­леj и долг пат од Ку­пот на са­ем­ски гра­до­ви до ЛЕ

Го­ди­на­ва на не­кој на­чин се сла­ви 60-го­диш­но­то по­сто­е­ње на овој куп, кој поч­на на 18 април во 1955 го­ди­на ка­ко Куп на са­ем­ски гра­до­ви. Ед­на аван­ту­ри­стич­ка иде­ја на Швај­ца­ре­цот Ернст То­мен, на Ото­ри­но Ба­ра­си од Ита­ли­ја и на поз­на­ти­от Анг­ли­ча­нец, сер Стен­ли Ро­уз, кој по­доц­на бе­ше и пре­тсе­да­тел на ФИ­ФА, се пре­то­чи во нат­пре­ва­ру­ва­ње на са­ем­ски­те гра­до­ви. Ори­ги­нал­на­та де­се­тка што учес­тву­ва­ше на пр­ви­от куп беа град­ски­те со­ста­ви на Бар­се­ло­на, Ба­зел, Бир­мин­гам, Ко­пен­ха­ген, Фран­кфурт, Ло­за­на, Лајп­циг, Лон­дон, Ми­ла­но и на За­греб. Ако има­те са­ем, по­ве­ле­те на фуд­бал во Ли­га­та на УЕ­ФА, бе­ше мо­то­то на ос­но­вач­ко­то Со­бра­ние на Ку­пот на са­ем­ски гра­до­ви. И што е нај­ин­те­рес­но, цик­лу­сот тра­е­ше це­ли три го­ди­ни, од 1955 до 1957 го­ди­на. Шпан­ци­те беа најс­на­од­ли­ви, па гра­дот Бар­се­ло­на, ко­ри­стеј­ќи ги фуд­ба­ле­ри­те на ФЦ Бар­се­ло­на, го освои пр­ви­от тро­феј со вкуп­на по­бе­да од 8-2 во фи­на­ле­то со Лон­дон. По­доц­на нат­пре­ва­ру­ва­ње­то пре­тр­пи из­вес­ни транс­фор­ма­ции и мо­ди­фи­ка­ции, а ка­ко и на по­че­то­ци­те на се­гаш­на­та Ли­га на Евро­па, и во Ку­пот на са­ем­ски гра­до­ви до­ми­ни­раа шпан­ски­те гра­до­ви или клу­бо­ви. На­ви­ва­чи­те на Бар­се­ло­на три­па­ти му се ра­ду­ваа на пе­ха­рот, а тој при­стиг­на два­па­ти и во Ва­лен­си­ја. Анг­ли­ски Лидс ја пре­ки­на до­ми­на­ци­ја­та на „јуж­ња­ци­те“ и во 1968 го­ди­на ста­на пр­ва­та еки­па од се­ве­рот на Евро­па што се за­ки­ти со тро­фе­јот. То­гаш поч­на не­ве­ро­јат­на­та ни­за на Анг­ли­ча­ни­те со шест ед­но­по­дру­го три­ум­фи и ти­ту­ли. Во тој пер­и­од се од­ви­ва­ше но­ва­та транс­фор­ма­ци­ја на Ку­пот и од 1971 поч­на но­во­то нат­пре­ва­ру­ва­ње, поз­на­то ка­ко Куп на УЕ­ФА. Прв по­бед­ник бе­ше То­тен­хем, еки­па што ќе би­де за­пи­ша­на во исто­ри­ја­та за­ед­но со Бар­се­ло­на, пр­ви­от по­бед­ник на Ку­пот на са­ем­ски гра­до­ви, и со Ат­ле­ти­ко Ма­дрид, еки­па ко­ја со тро­феј ја поч­на ера­та на се­гаш­ни­от си­стем поз­нат ка­ко Ли­га на Евро­па.

sport142-UEFA-Europa-League-5 sport142-UEFA-Europa-League-6

Фи­на­ле во Вар­ша­ва за две­те фуд­бал­ски фа­бри­ки за ква­ли­тет­ни игра­чи

Фи­на­ле­то во Вар­ша­ва ќе би­де во зна­кот на Се­вил­ја и на Дни­про, од­нос­но на две­те фуд­бал­ски фа­бри­ки за ква­ли­тет­ни фуд­ба­ле­ри, на два си­сте­ми што мо­ра да се рес­пе­кти­ра­ат, на фуд­бал­ски шко­ли што про­из­ве­ду­ва­ат игра­чи и што има­ат ефи­ка­сен си­стем за откри­ва­ње та­лен­ти.

При­каз­на­та за Се­вил­ја, еки­па што со три­умф вечерва мо­же да се за­пи­ше во исто­ри­ја­та ка­ко единс­тве­на еки­па со че­ти­ри ти­ту­ли во ЛЕ, е поз­на­та. Глав­но­то мо­то на Ан­да­лу­зиј­ци­те е „ку­пи евти­но, про­да­вај ска­по“, и тоа бес­пре­кор­но им оди од ра­ка, осо­бе­но во пос­лед­ни­те 10-15 го­ди­ни. Фи­нан­си­ска­та кри­за, ка­ко што са­ми­те приз­на­ва­ат во клу­бот, ги при­ну­ди да се ре­ор­га­ни­зи­ра­ат и да се по­све­тат на соз­да­ва­ње мла­ди та­лен­ти или ку­пу­ва­ње ре­ла­тив­но не­поз­на­ти игра­чи кои по­тоа рас­теа во Се­вил­ја во ви­стин­ски врв­ни фуд­бал­ски асо­ви.

sport142-UEFA-Europa-League-3

Се­вил­ја во пос­лед­на­та де­це­ни­ја про­да­де не­кол­ку од­лич­ни фуд­ба­ле­ри кои игра­ат во нај­го­ле­ми­те клу­бо­ви на пла­не­та­та. При­каз­на­та поч­на со Сер­хио Ра­мос во 2005 го­ди­на. Тој од ма­тич­ни­от клуб Се­вил­ја за то­гаш ре­корд­ни 27 ми­ли­о­ни евра пре­ми­на во Ре­ал Ма­дрид и при­до­не­се да се за­кр­пи не­ко­ја дуп­ка во бу­џе­тот на клу­бот од Ан­да­лу­зи­ја. Тоа бе­ше ини­ци­јал­на­та ка­пис­ла за ра­ко­водс­тво­то на Се­вил­ја да про­дол­жи со про­из­водс­тво на та­лен­ти и со ку­пу­ва­ње евти­ни игра­чи. Во „бе­ло-цр­ве­ни­от“ дрес на Се­вил­ја се про­мо­ви­раа и Да­ни Ал­веш, Сеј­ду Кеј­та, Хе­сус На­вас, Ал­ва­ро Не­гре­до, Иван Ра­ки­тиќ, Ди­е­го Ка­пел и уште мно­гу игра­чи кои по­тоа на­пра­ви­ја ми­ли­он­ски транс­фе­ри во по­го­ле­ми клу­бо­ви во Евро­па. Ре­ал Ма­дрид и Бар­се­ло­на, на при­мер, по­сто­ја­но има­ат по не­кој играч кој прет­ход­но играл за Се­вил­ја. Шпан­ски­те ме­ди­у­ми об­ја­ви­ја не­ве­ро­јат­на ци­фра од око­лу 300 ми­ли­о­ни евра што клу­бот од Ан­да­лу­зи­ја ги за­ра­бо­тил од про­даж­ба на игра­чи во но­ви­от ми­ле­ни­ум.

Ако на тоа се до­да­дат три­те тро­феи од Ли­га­та на Евро­па или Ку­пот на УЕ­ФА, тоа по­твр­ду­ва де­ка е на­пра­вен од­ли­чен и ефи­ка­сен спој на фи­нан­си­ски ќар со фуд­бал­ски ус­пе­си во Се­вил­ја. Клуб кој ста­на ви­стин­ски си­но­ним за не­ве­ро­јат­но до­бро ме­на­џи­ра­ње на ус­лов­но по­ма­ли­те клу­бо­ви. Ан­да­лу­зиј­ци­те има­ат сто­про­цен­тен ефект ко­га игра­ат фи­на­ле во европ­ски­те нат­пре­ва­ру­ва­ња. Во Ку­пот на УЕ­ФА по­бе­ди­ја во 2006 го­ди­на, славеа и следната сезона, а исто­то нат­пре­ва­ру­ва­ње, но под име­то Ли­га на Евро­па го осво­и­ја и ла­ни. И вечерва има­ат шан­са да ста­нат единс­тве­ни­от клуб што два­па­ти ја од­бра­нил ти­ту­ла­та во вто­ро­то по ква­ли­тет европ­ско клуп­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње.

sport142-UEFA-Europa-League-4

Слич­на е и при­каз­на­та на Дни­про, но во по­и­на­кви ди­мен­зии и во по­мал обем. Укра­ин­ци­те прв­пат во исто­ри­ја­та ќе игра­ат фи­на­ле за европ­ски тро­феј, а нив­ни­те игра­чи одам­на се во фо­ку­сот на вни­ма­ни­е­то на ги­ган­ти­те. Из­во­нред­ни­от Је­вге­ни Ко­ноп­љан­ка, по­тоа 19-го­диш­ни­от Ва­ле­риј Луч­ке­вич, Бра­зи­ле­цот Даг­лас ре­чи­си си­гур­но ќе си за­ми­нат за не­кол­ку­крат­но по­го­ле­ма су­ма во ми­ли­о­ни евра од таа што Дни­про ја пла­тил за нив­ни­от транс­фер или ја вло­жил пре­ку мла­дин­ска­та ака­де­ми­ја на клу­бот.

Под­ви­гот на клу­бот од Дни­про­пе­тровск е уште поз­на­ча­ен ако се спом­не фа­ктот де­ка тие по­ра­ди вој­на­та во Укра­и­на во­оп­што не играа на сво­јот ста­ди­он, ту­ку беа до­ма­ќи­ни во Ки­ев.

 

Па­ри­те ја за­пи­ра­ат ЛЕ

Го­ле­ма е раз­ли­ка­та во за­ра­бо­тка­та на клу­бо­ви­те што игра­ат во ЛШ и на тие што учес­тву­ва­ат во ЛЕ. За са­мо­то учес­тво во фа­за­та по гру­пи во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те клу­бо­ви­те авто­мат­ски до­би­ва­ат по 12 ми­ли­о­ни евра, а за иста­та фа­за во Ли­га­та на Евро­па за­ра­бо­тка­та е ре­чи­си 10 па­ти по­ма­ла и на­гра­да­та из­не­су­ва 1,3 ми­ли­он евра. Има раз­ли­ка и во дру­ги­те сте­пе­ни до фи­на­ле­то. По­бед­ни­кот во ЛЕ до­би­ва 5 ми­ли­о­ни евра за три­умф во ме­чот за ти­ту­ла­та, а европ­ски­от пр­вак што ќе сла­ви во Бер­лин на 6 ју­ни ќе ин­ка­си­ра 15 ми­ли­о­ни евра.
От­та­му, по­сил­ни­те клу­бо­ви во Евро­па што на­ста­пу­ваа во ЛЕ во пе­тго­диш­ни­от цик­лус че­сто играа и со ре­зерв­ни со­ста­ви, што ги при­ну­ди чел­ни­ци­те на УЕ­ФА да на­пра­ват про­ме­ни. На­град­ни­от фонд од ид­на­та се­зо­на ќе се зго­ле­ми, а мам­ка за по­се­ри­о­зен при­стап ќе би­де и по­ну­да­та на УЕ­ФА, шам­пи­о­нот во ЛЕ во след­на­та се­зо­на ди­рект­но да на­ста­пу­ва во фа­за­та по гру­пи во ЛШ. Се­фте ќе на­пра­ви шам­пи­о­нот од Вар­ша­ва, а шан­са­та е пред акту­ел­ни­от бра­ни­тел на тро­фе­јот Се­вил­ја и пред де­би­тан­тот Дни­про.

 

Пишува: Зоран Поповски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top