| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Источното партнерство не е инструмент за проширување на ЕУ

Програмата Источно партнерство не е инструмент за проширување на Европската унија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во говор пред Бундестагот пред почетокот на самитот во Рига на 28 земји-членки на Унијата и шест држави од поранешниот Советски Сојуз.

– Не треба да си создаваме празни очекувања, кои подоцна нема да можеме да ги исполниме – додаде Меркел.

Таа нагласи дека идејата за Источно партнерство не е насочена против кого било, особено не против Русија.

Меркел истакна дека ставот „или-или“, односно тоа дека одредената земја треба да избира меѓу ЕУ или Русија не е прифатлив.

– На пример, ние ја почитуваме одлуката на Ерменија, која има тесни економски односи со Русија – рече Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top