Девет винарски визби од Република Македонија учествуваат на саемот за вино „Провајн“ во Дизелдорф, Германија.
„Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвин“’, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Дудин“ и „Попова кула“ на македонскиот национален штанд ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.
„Провајн“, кој почна вчера и ќе трае до 26 овој месец, е водечки меѓународен саем за вино и за алкохолни пијалаци во Европа на кој своите вина ги промовираат 50 винарски земји во светот. Секоја година манифестацијата ја посетуваат по 37.000 луѓе од целиот свет.
Учеството на македонските визби го организира здружението „Вина од Македонија“, кое продолжува со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.