| четврток, 6 декември 2018 |

„Алтер Мејнстрим Инфо“: Македонскиот „АнтиМајдан“ ги надмина сите очекувања

Според пресметките на површината која во центарот на Скопје завчера ја зазедоа антивладините протестанти и граѓаните кои вчера се собраа за поддршка на владата на Никола Груевски, јасно е дека Зоран Заев од цела Македонија успеа да собере најмногу 20.000 луѓе, додека бројот на приврзаници на Никола Груевски од околу 100.000 граѓани или нешто помалку, беше точна, пишува хрватскиот портал „Алтер Мејнстрим Инфо“.

anti majdan

– После ваков масовен собир кој се случи вчера во Скопје, може да се каже дека македонскиот „АнтиМајдан“ го кажа своето, додека премиерот Груевски ја поздрави големата поддршка која ја доби од народот и рече „дека тоа е јасна порака за сите кои не и сакаат добро на Македонија и имаат некои други планови“ – анализира хрватскиот портал.

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му останува последна надеж дека западните земји ќе извршат притисок на премиерот Никола Груевски и ќе го присилат на оставка и формирање на преодна влада, но засега нема изгледи дека тој ќе се согласи на такво сценарио, заклучува „Алтер Мејнстрим Инфо“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top