Делата на сестрите Винчиќ во кафе „Ли“. Идејата на овој локал под мотото „Уживам во добро кафе. Уживам во уметност. Уживам во кафе Ли“ заслужува почит , поради залагањето да се изнесе уметноста надвор од стандардните норми и да се доближи до секој од нас.
-Како дел од годинашната програма на „Ли арт“, значајно место најдоа делата на сестрите Наталија и Гордана Винчиќ , Д Винчич систерс. Изложбата се состои од дел од уметничките слики од циклусот „Лицата на Александар“. Двете сестри успешно ги споиле своите души во секое од нивните дела. Наталија со боите, Гордана со композицијата и заедничките идеи и љубов што ја носат во себе и несебично ја делат со сите нас, кои сме сведоци на нивното сликарство. Средбата со Александровите лица нуди една константна едукација, базирана врз сеќавањата, средбите, дијалозите, а колоритот само ја нагласува емоцијата и симболиката за родната земја Македонија, правејќи спој на различни културни и етнички вредности. Во нивната уметност , како и во самото владеење на Александар се истакнува желбата за соединување, а не за разединување. Делата претставуваат нарација и нераскинлив јаз меѓу минатото и сегашноста, со единствена цел да стане чувар на спомените за сите сегашни и идни генерации. Сликовница за возрасните и учебник за најмладите – вели Слаѓана Манојловиќ.
Истата изложба минатата година љубителите на ликовната дејност може да ја видат во „Порта Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.