– Груевски му порача на Заев дека вечерашниот митинг за поддршка на власта е најдобар доказ дека не успеал да ја урне истата со монтирани снимки и терористички банди – пишува „Танјуг“.
Агенцијата пренесува голем дел од говорот на премиерот, па во продолжениe пишува:
– Завршувајќи го своето 45-минутно обраќање пред граѓаните кои во голем број пристигнаа од сите градови во Македонија, Груевски изјави дека мрачните сили и манипулатори не може да успеат и никој не може да го наруши мирот во Македонија.
На митингот на кој присуствуваа 90.000 луѓе, Груевски порача дека ако се има волја, може да се постигне политички компромис. „Танјуг“ пишува дека митингот поминал без инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.