Српскиот премиер Александар Вучиќ нагласил на седница на Владата дека е разочаран со она што се случило со Танјуг и остро го критикуваше министерот за култура Иван Тасовац поради одлуката за згаснување на новинската агенција.
– Сакам да кажам поради историјата и стенограмите колку сум разочаран од она што се случило околу Танјуг. Ти и Саша Мирковиќ ме убедувавте дека тоа е важно, потребно и реформски. Сакам да кажам дека бев против згаснување на Танјуг – нагласи Вучиќ на седница на Владата.
Премиерот на Србија навел дека Тасовац не ја бранел одлуката туку само кусо објаснување од Мирковиќ кој се повикува на точка 141 од Закон за информирање.
– Ти Тасовац не подметна свој грб, го подметна мојот како и обично што правиш – заклучил српскиот премиер.
Српски медиуми јавија вчера дека агенцијата Тајнуг од 31 октомври според Закон за информирање згаснува по 72 години работа откако во два наврата не беше приватизирана. Вработените ќе добијат отпремнина, но засега Агенцијата работи бидејќи се уште не е официјална одлуката на Владата за престанок на работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста