| четврток, 6 декември 2018 |

Пропадна приватизацијата на агенцијата Танјуг

 

танјуг

Пропадна продажбата на српската информативна агенција Танјуг, некогаш најмоќниот орган на социјалистичка Југославија, откако не можеше да привлече ниту еден заинтересиран кандидат за купување, пренесе БТА.

Танјуг или  Телеграфска агенција на Југославија, е меѓу 38-те државни медиуми, што се ставени на листата За приватизација во Србија.

Нејзината почетна продажна цена изнесува 761.000 евра.

Српската агенција за приватизација ја информира јавноста дека до истекот на определениот рок не добила ниту една понуда за Танјуг и дека продажбата на информативната агенција е прогласена за „неуспешна“.

Засега не се знае дали ќе се органиизра нов тендер за продажба.

Во агенцијата Танјуг работат околу 200 лица, значително помалку од времето на југословенскиот процут, кога имала мрежа од дописници во цел свет.

Во 2014 година заработката на  Танјуг пред оданочувањето, изнесувала  680.000  динари (5.623 евра).

Танјуг и другите државни медиуми се меѓу стотиците државни претпријатија кои Владата сака да ги продаде, за да го намали државното присуство во економијата.

Агенцијата Танјуг е создадена во 1943 година од југословенските партизани и во рацете на Србија премина по распадот на федерална Југославија, во текот на 90-те години од минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top