Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски кој учествуваше на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта, Унгарија, денеска се сретна со претседателот на Парламентот на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, претседателот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Шифик Џаферовиќ и претседателот на Парламентот на Грузија, Давид Усупашвили.
Вељаноски, Кривокапиќ, Џаферовиќ и Усупашвили искажал
Како што соопшти кабинетот на Вељаноски, четворицата спикери се согласиле дека Алијансата треба да преземе поконкретни чекори за да им се помогне на земјите аспиранти за членство во решавање на проблемите кои се пречка на патот.
Соговорниците изразиле и подготвеност и понатаму да си помагаат меѓусебно со безрезервна поддршка. Тие го нагласиле значењето на парламентарната соработка во процесите на интеграција и изразиле задоволство од досегашната регионална соработка.
Претседателот на македонското Собрание Вељаноски се сретнал и со домаќинот на Пролетната сесија, претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер. На средбата била потенцирана досегашната успешна парламентарна соработка и големото пријателство меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски
-
Вељановски: Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство
-
Вељаноски и Димитриев ќе ги контролираат УБК и прислушувањето
-
Вељановски: Тој ден пречувствував дека одредени работи ќе се случат, особено по најавите на Заев