| четврток, 6 декември 2018 |

ДПСМ со поддршка на вечерашниот собир „Македонија силна“

2400Demokratska_Partija_na_Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ)  ги поканува сите свои членови и симпатизери да се приклучат на големиот народен собир во Скопје под мотото „Македонија силна“ што ќе се одржи вечерва пред Собранието на Република Македонија, во организација на ВМРО-ДПМНЕ и партиите од владејачката коалиција „За подобра Македонија“.

– После само една година од убедливата победа на редовните парламентарни избори на коалицијата „За подобра Македонија“ се реализира сценарио за дестабилизација на Република Маскедонија кое се заканува да го загрози, не само мирот и стабилноста, туку и економската сигурност на граѓаните. Од тие, но и од многу други причини, ДПСМ ги поканува сите свои членови и симпатизери да се приклучат на големиот народен собир во Скопје, каде што јасно ќе соопштиме дека се спротивставуваме на сите црни сценарија за политичка дестабилизација и економско назадување – се вели во соопштението од партијата во кое се повикува членството да ги понесе и нивните национални обележја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top