Националната галерија на Македонија и оваа година 18-ти мај, Светскиот ден на музеите го одбележува со интересна изложба од својот едукативен сектор.
Различните старосни групи од неколку скопски забавишта, основни и средни училишта изминативе две недели беа учесници во ликовната работилница „Уметникот и јас“, и преку свои видувања ги претставија мотивите од постојаната поставка на Даут пашин амам.
Компаративната изложба ќе биде отворена во понеделник (18-ти мај) во 12 часот во Даут пашин амам, на која ќе бидат доделени пригодни благодарници за учесниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.