| четврток, 6 декември 2018 |

Дијана Богдановска изложува во Кичево

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево на 18 мај ќе се отвори петтата самостојна изложба на уметницата Дијана Богдановска насловена како „Пролетен маченик“ од фотографскиот сет „Болници“, одржан истата година во галеријата АА-колекции, Виена, Австрија.

Дијана Богдановска е уметница која преку своите досегашни дела го истражувала интердисциплинарниот пристап на традиционалните и новите медиуми. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности (отсек -сликарство, насока – конзервација и реставрација), образованието го продолжува на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, каде што изучува родови студии. Токму од интересот кон општествените прашања, како феномен ја издвојува појавата на сиромаштија, поттикната од корпоративизмот.

Досега учестувала на македонските јубилејни изложби во Виена, Австрија и Прага во Чешка. Остварила еден резиденцијален престој Култур Контакт во Австрија, и покрај 4-те локални една интернационална самостојна изложба повторно во Виена.

Во иднина претстојат неколку групни домашни и интернационални излагања и се подготвува да аплицира на домашен терен во Мала станица за 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top