Скопјанецот Харун Хаџибулиќ, кривично гонет за дузина дела, денеска беше рамо до рамо со Зоран Заев на митингот на опозицијата пред Владата, пишува „Прес 24“. Хаџибулиќ, кој е познат припадник на скопското криминално подземје, стоеше до лидерот на опозициската СДСМ, заедно со неговото лично обезбедување, цело време откако тој заврши со својот говор. Инаку, последно по кое Харун Хаџибулиќ беше присутен на страниците на црната хроника во македонските медиуми е неговото апсење на граничниот премин Долно Блаце, во 2013 година, по распишана потерница за издржување казна затвор од една и пол година.
Тој беше осуден за насилство. Како што тогаш информираа од МВР, Хаџибулиќ при пасошка контрола на границата се обидел да побегне, откако полицајците сакале да го приведат. Хаџибулиќ почнал да трча кон косовска територија, но еден од полицајците со својот службен пиштол пукал во воздух како предупредување. По ова Хаџибулиќ се предал. Потерницата по него била распишана за за помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје во 2010 година.Во истиот случај Јасмин Лесковица доби 12 години затвор како директен извршител на убиството. Покрај Хаџибулиќ и друго познато име на македонската јавност од страниците на црната хроника во медиумите, денеска беше на митингот на опозицијата пред Владата. Станува збор за Мирослав Ризински, своевремено заменик-претседател на бугарскиот културен клуб во Скопје, а сега член на управниот одбор на истиот. Ризински во 2007 година беше фатен како прима поткуп ово износ од 6.000 евра, додека беше на функцијата Советник во Бирото за стопански неразвиени подрачја. Тој, во ноември 2007 година, заедно со раководителот на ова Биро, Зуди Џелили, беа осудени на по три и пол години затворска казна. Според пресудата, Ризински во септември 2007 година, во скопското кафуле „Коктел Бар“, спроти хотелот „Бристол“ од Блажо Георгиев, претставик на Здружението на полјоделци „Фармер“ од радовишкото село Злеово, примил плик во кое имало 6.000 евра. Парите што биле земени како поткуп требало да послужат во забрзувањето на постапката за исплата на средства за проектот „Водопоило“, кој чинел три милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.