Голем број светски медиуми објавија дека на денешниот митинг на опозицијата во Скопје присуствувале околу 20.000 граѓани, меѓу кои и реномираната агенција Франс прес (AFP). Ваквите информации се чини најдобро го отсликуваат фијаското на Заев, кој вчера објави дека на протестот очекувал да присуствуваат 100.000 граѓани.
После ова денеска, стана кристално јасно дека нaродот не ги поддржува мрачните сценарија на опозицијата, која воедно потфрли и на терен, каде редарите на СДСМ кои се присутни на протестот очајно се обидуваат да ги растераат луѓето на поширок простор за да обезбедат подобра перцепција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.