Целиот случај е за одобрение за градба на местото на старата управна зграда на фирмата Иднина за која имало маркица уште пред 30 години.
Наумов пред камерите на Алфа раскажа дека Заев го познавал уште пред да стане градоначалник. Вели беше сиромашен и се чуди како набрзо стекнал огромно богатство. Се присетува дека му дал и 500 евра , бидејќи му недостасувале за да си купи половен автомобил Ауди А4 од 4000 евра.
Наумов го повикува Заев на јавно соочување, а вели дека е подготвен да направи и полиграфско тестирање се со цел да се докаже дека ја говори вистината.
Ова не е прв ваков случај. Само пред неколку дена на јутјуб каналот се појави снимка од која се гледа дека Заев бара мито од 200 илјади евра. Прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде даден поткуп, а парите како што Заев сам кажува треба да бидат уплатени кај неговиот брат Вице Заев.
Министерството зав натрешни работи пред само два месеци поднесе кривична пријава против струмичкиот градоначалник. Заев на лице од Струмица му побарал подарок за себе 2 евра за метар квадратен за градежно земјиште од 100 000 метри квадратни за приватизација на градежно изградено земјиште.
Инаку Заев е аболициран од Црвенковски за Глобал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



