| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Дојавите од Заев за нашите тактики до Грција е срамен чин

grujo

Најтрагично е што една ваква работа Заев на штета на интересите на Република Македонија ја вади во јавност и и’ дојавува на другата страна, на Грција, тоа Грција никогаш не би го направила.

Oва го истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија.

-Во Грција никогаш не би се случило да се пуштат разговори околу овој проблем помеѓу министерот за надворешни, или делови од разговори или монтирани или какви сакате и премиерот, затоа што директно штети на интересите на државата. Тоа е голем предавнички чин, да шефот на опозциијата независно кој му ги дал материјалите, тој  што му ги дал и тој што ги креирал материјалите нема добра намера, тој тоа го знае – изјави Груевски.

Груевски рече дека сакајќи само за да ги оцрни нив и тој да се претстави како фигура која што е подобна за да дојде на власт, Заев прави штета на интересите на Република Македонија и на целиот преговарачки процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top