Во рамките на литературната манифестација „Илинден 2015“, во Домот на култура „Илинден“, во присуство на голем број писатели,љубители на пишаниот збор, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, промовирана е Антологијата„ Светиот пат“, чиј составувач е писателот Раде Силјан.
За авторот и за значењето на оваа дело промотивна реч имаа проф. д-р Стефан Влахов Мицов и Паскал Гилевски,кои го потенцира значењето на самата Антологија, богатството и тежината на оваа дело кое е од исклучително значење за книжевната и издавачка дејност за целиот регион.Единствена Антологија на овие простори која што ги опфаќа најзвучните поетски имиња на 19,и 20 век како и современата поезија од 21 век.
-Во книгата пристапив со многу емоции со многу љубов и посветеност.Оваа книга започнав да ја работам во периодот кога бев уредник во македонско радио уредувајќи поезија од македонски,балкански,европски и светски автори. Така го започнав моето патешествие во подигнувањето на оваа Антологија ,збирка – книга, која според мене ќе пополни одреден простор во нашето издаваштво.Ја почнав во времето кога на балканот постоеа шест држави а ја завршив денес кога на балканот има дванаесет држави.И не случајно ја одбрав оваа општина за место каде ќе се промовира оваа моја антологија,бидејќи таа го носи едно од најславните имиња во Македонија „Илинден“, рече Раде Силјан.
Во антологијата “Светиот пат“ застапени се двесте и шест автори од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.
Промоцијата беше збогатена со поетски митинг на кој свои стихови читаа повеќемина реномирани македонски автори застапени во антологијата: Иван Чаповски, Гордана Михаилова Бошњаковска, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Ристо Лазаров и Санде Стојчевски.
На присутните стиховите од балканските автори им ги пренесе Антонио Павловски. Во знак на благодарност за безрезервната подршка за развојот на културата и нејзина промоција првиот примерок од Антологијата„Светиот пат“на Раде Силјан му го подари на градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.