| четврток, 6 декември 2018 |

Курц: Договорот од Минск нема алтернатива

sebastijan-kurc-1387844161-417009-564x272Договорот од Минск за надминување на конфликтот во источна Украина нема алтернатива, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц по средбата со неговиот украински колега Павло Климкин.

– Приоритети во овој момент треба да бидат повлекувањето на тешкото оружје, воспоставување на трајно примирје и реформа на Уставот (на Украина), порача Курц.

Како што соопшти австриското Министерство за надворешни работи, Курц на синоќешната средба со Климкин ветил поддршка од Виена за Киев и најавил дека Авструја ќе одвои дополнителни еден милион евра за помош на украинските граѓани.

Курц нагласил и дека Австрија е подготвени да го зголеми бројот на своите членови во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина од сегашните 17 на 30 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top