| четврток, 6 декември 2018 |

Железничка несреќа во Германија

voz nesrekjaДвајца патници загинаа, а дваесетина други се повредени, од кои тројца потешко, кога воз удри во камион на железнички премин во западна Германија. Според полицијата, регионалниот воз што сообраќал од Оснабрик до Ибенбурен се судрил со камион натоварен со ѓубриво. Несреќната се случила на околу 450 километри западно од Берлин дваесетина минути по 11 часот, по што веднаш интервенирале спасувачките екипи од целиот регион.

Возот според полициските власти бил полн, а до судирот дошло откако камионот се заглавил на шините во моментот кога сакал да ја мине пругата. По судирот возот продолжил да се движи уште околу 200 метри влечејќи го камионот, но неговиот возач останал неповреден.

Според досегашните информации, единствена причина за судирот е заглавениот камион и нема никакви индиции за други причини за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top