| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со јајца

454-660x300

Јајцата се често применуван производ во диетите. Со нив не само што се снабдува организмот со потребни витамини и минерали, туку и се исфрлаат токсините од вашето тело. Јајцата создаваат чувство на ситост и делуваат позитивно на метаболизмот. Оваа диета ви ветува намалување на 10 килограми за само 7 дена, но за да ослабнете 10 килограми за само една недела, треба строго да се придржувате до диетата со јајца.

Понеделник:

Појадок – 2 варени јајца, 2 портокали и 1 чаша кисело нискомаслено млеко

Ручек – 200 грама варено пилешко месо без кожа и 1 чаша јогурт

Вечера – 1 варено јајце, 150 грама варено пилешко месо без кожа и 1 портокал

Вторник:

Појадок – 2 варени јајца и 1 сок од лимон

Ручек – 150 грама печена риба и 1 грејпфрут

Вечера – 3 тврдо варени јајца

Среда:

Појадок – 2 тврдо варени јајца и 1 чаша топла вода со 1 свежо исцеден лимонов сок

Ручек – 200 грама варено телешко месо и 1 грејпфрут

Вечера – 3 тврдо варени јајца

Четврток:

Појадок – 3 пржени јајца со копар, кромид и магдонос

Ручек – 150 грама варено пилешко месо и салата од сезонски зеленчук

Вечера – 1 тврдо варено јајце и 2 портокали

Петок:

Појадок – салата од 2 моркови, 2 тврдо варени јајца и 1 лажица кисела павлака

Ручек – 2 моркови и 1 чаша свеж цеден портокал

Вечера – 100 грама варена морска риба и 1 варено јајце

Сабота:

Појадок – 150 грама нискомаслен јогурт и 1 свежо цеден сок од портокал

Ручек – 2 варени јајца и 2 грејпфрут

Вечера – само вода

Недела:

Појадок – 2 варени јајца и половина грејпфрут

Ручек – 200 грама телешко месо и 1 портокал

Вечера – само вода

За време на диетата препорачливо е да консумирате големи количини на вода. По престанокот на диетата, кога ќе започнете со нормално јадење, во првите неколку денови треба да ги консумирате овие намирници: јајца, сирење, портокали и грејпфрут.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top