| четврток, 6 декември 2018 |

Не се откажуваат, имаат 13 сина, таткото сака ќерка

13 sina

Семејството Шванд има дури 13 сина. Разликата меѓу момците е дури и по дваесет години.

Највозрасен меѓу браќата е Тајлер кој има 22 години, а потоа следат Зек 19, Брендон 16, Томи 13, Вини 12, Калвин 10, Гејб 8, Весли 6, Чарли 5, Лука 3 и Такер има 21 месец. Пред неколку дена на свет дошло уште едно момче, кое уште нема име, бидејќи треба да биде одобрено од другите синови.

Иако таткото го остварил сонот на многу мажи, да има цел фудбалски тим дома, тој би сакал да има и ќерка.

– Да имаш 12 сина и да добиеш уште еден е многу „кул“. Ама би сакал и ќерка – вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top