Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) го поддржува големиот народен собир кој е закажан за 18 мај, недела, во Скопје.
– Граѓаните во недела ќе ѝ дадат поддршка актуелната власт. Ќе застанат против натамошната дестабилизација на земјата и црните сценарија. И Граѓанското движење за одбрана на Македонија дава поддршка на големиот народен собир, кој ќе се оддржи во понеделник. Ова се исклучително важни моменти за одбраната на државноста на Република Македонија. Граѓанското движење за одбрана на Македонија уште од самиот почеток укажуваше на сериозноста на ова предавничко, криминално да не речам квинслишко сценарио што беше подготвувано, кое што моментално се наоѓа во неговата кулминација, за да потоа премине во набрзо се надеваме во неговата завршница. ГДОМ со самото негово формирање, со одржувањето на трибините даде силна поддршка на политиките кои значат мир, стабилност, зачувување на државноста и беше насочено кон сите оние сили кои претставуваа, се бореа, односно настојуваа да го урушат уставниот поредок и да ги ослабнат институциите на системот. Ние како Граѓанско движење за одбрана на Македонија секако даваме силна поддршка, се приклучуваме на сенародниот собир кој ќе се оддржи во понеделник со почеток во 20 часот, каде што ќе биде дојдена Македонија – изјави Александар Климовски, член на ГДОМ, за Дневникот на Канал 5.
Според Климовски, на 17-ти мај протестира СДСМ, а на 18-ти мај се собира Македонија.
– Тоа е пораката која ГДОМ сака да ја испрати до сите граѓани на Македонија и повикува на масовност, да излезат што поголем број граѓани да дадат силна поддршка на овие политики што значат мир, стабилност, спокој на граѓаните и продолжување на движењето на Македонија кон патот на развој и на стабилност. Се надевам дека граѓаните на Македнија имаат доволно политичка култура и изразена свесност за времињата во кои живееме, за сериозноста на ситуацијата, се надевам и посакувам на 17-ти мај, иако има индиции дека ќе има немири, да нема немири, да бидат мирни тие протести. Што се однесува до сенародниот собир на 18-ти кој го организираме ние, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ќе помине во најдобар ред, ќе бидат присутни граѓаните на Македонија кои секако сакаат мир, стабилност и спокој во нашата држава – додава Климовски за Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Климовски: Платформата е директен атак врз суверенитетот и унитарноста на Македонија
-
Климовски: Изјавата на Иванов дадена точно по содржина, Устав и форма
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)