Универзитетскиот професор Александар Климовски смета дека изјавата на претседателот Ѓорге Иванов била точно дадена по содржина како што треба, и по Устав и по форма.
– Ситуацијата денес е многу јасна. Народот повеќе не може да поверува на лагите што ги ширеше Зоран Заев преку „подјармените медиуми“. Денеска ударот е врз темелните вредности на коишто почива оваа држава, меѓу кои е и јазикот и дека особено веќе не може да се толерира прифаќањето, не дај боже имплементирањето на оние точки од албанската платформа којашто најде погодно тло кај оваа велепредавничка структура којашто денеска ја гледаме во СДСМ – заклучи Климовски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.
– Изјавата на претседателот Иванов ја ценам како патриотски и државнички чин којшто практично го изрази духот на волјата на огромното мнозинство од македонските граѓани коишто се повеќе и повеќе го искажуваат својот револт со оваа масовност – додаде универзитетскиот професор Климовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме