| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)

Заев со оваа изјава нанесе огромен срам и штета за угледот на нашата држава во Европа и во светот. Ги понижи и навреди сопствените граѓани нарекувајќи ги фантоми. За Заев 500.000 Македонци не постоеја, велат од ГРОМ

Граѓанска опција за Македонија бара од лидерот на СДСМ, Зоран Заев да им се извини на македонските граѓани и на струмичани за според нив дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми.

Избирачкиот список е затворен и во него не е најден ниту еден фантом. Зоран Заев дрска ја лажеше македонската и меѓународната јавност дека поседува докази дека во Македонија изборите не биле фер и регуларни и дека во Македонија има 500.000 фантоми. Заев со оваа изјава нанесе огромен срам и штета за угледот на нашата држава во Европа и во светот. Ги понижи и навреди сопствените граѓани нарекувајќи ги фантоми. За Заев 500.000 Македонци не постоеја, велат од ГРОМ.

dqwtwrayehtrjsy

Според ГРОМ со затворањето на избирачкиот список оваа дрска лага е разобличена.

-Се докажа дека во Македонија не постојат фантоми туку достоинствени граѓани кои му даваат легитимитет на секој изборен процес. Кој во СДСМ ќе собере храброст и ќе се извини на македонскиот народ за изречените лаги и клевети. Кој ќе ја сноси одговорноста што тогаш Заев за изјавата за 500.000 фантоми ја втурна Македонија во уште поголема политичка криза и нанесе непроценлива штета  на Р. Македонија. Какво подмолно и подметнато сценарио на СДСМ, велат од ГРОМ.

Од ГРОМ очекуваат во текот на денот СДСМ да им се извини на сите македонски граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top