| четврток, 6 декември 2018 |

Очајнички крик – немири за спас на бомбашот

Ге­не­рал­ни­те про­би го тра­си­ра­ат па­тот на по­са­ку­ва­ни­те не­ми­ри. Со­о­че­ни со ло­ши­от одек на пе­тар­ди­те, СДСМ за­и­гра на про­ве­ре­на­та кар­та - пре­диз­ви­кај не­ми­ри и сил­на до­за на нес­по­кој кај гра­ѓа­ни­те и вра­ти се на сце­на. Се­то тоа за­си­ле­но со не­чие спа­су­ва­ње на сопс­тве­на­та ко­жа, на­стра­на сло­бо­да. На 17 мај бом­ба­ши­те ќе фр­лат сѐ на ед­на кар­та. „Да се би­де или не“ ова е мо­то­то за очај­на­та вр­ху­шка. А очај­ни­кот не из­би­ра средс­тва...

Тик-так, тик-так! Ова не е зву­кот на За­е­ви­те пе­тар­ди, ту­ку оно­ма­то­пе­ја на ми­го­ви­те пред по­че­то­кот на „Пуч“. Со­од­вет­но со бед­ни­от одг­лас на пре­це­не­ти­те „бом­би“ рас­те и нер­во­за­та во опо­зи­ци­ски­те ре­до­ви, сраз­мер­но на не­ис­пол­не­ти­те оче­ку­ва­ња. Лаж­ни­те оче­ку­ва­ња на вр­ху­шка­та око­лу ефе­ктот од фин­ги­ра­ни­те експ­ло­зии на бом­би­те од сопс­тве­но про­из­водс­тво со мон­та­жен по­гон на „Па­вел Ша­тев“, ана­ли­зи што, нај­ве­ро­јат­но, на „се­стрин­ска“ ба­за („брат­ска­та“ е иск­лу­че­на по­ра­ди при­пад­но­ста на пар­ти­ја­та) им ги пра­вел Спа­сов, чо­ве­кот што ги ут­на си­те ан­ке­ти и ре­зул­та­ти, сплас­наа со ре­фе­рен­дум­ска­та шла­ка­ни­ца во Цен­тар, ко­ја ги вра­ти во ре­ал­но­ста. А таа, со­од­вет­но на ид­ни­на­та на пар­ти­ја­та и на ра­ко­водс­тво­то, не е тол­ку ро­зо­ва, ни­ту, пак, бом­ба­стич­на ка­ко што оче­ку­ваа. По­ве­де­ни од сопс­тве­ни­от тво­реч­ки за­нес соз­да­ден при мон­та­жа­та и из­мис­лу­ва­ње­то грд кон­тек­стот на сто­ти­ци­те до­би­е­ни раз­го­во­ри од „го­ле­ми­от про­фе­си­о­на­лец“ Ве­ру­шев­ски, тес­но­то друш­тво око­лу стру­мич­ки­от ли­дер и фи­нан­си­ер, ед­но­став­но за­бе­га. Тол­ку оми­ле­ни­от збор во нив­ни­те пре­пи­ски ста­на нив­на суд­би­на. Во „нор­ма­ла“, ба­рем при­вре­ме­но, ги вра­ти­ја цен­тар­ски­те ре­зул­та­ти, кои при­нуд­но ги при­зем­ји­ја нив­ни­те лаж­ни на­де­жи. Те­шко и со го­ле­ма та­га во пр­вич­ни­те ре­ак­ции, сфа­ти­ја де­ка да се гла­са­ше на „Фејс­бук“, пре­тсе­да­тел мо­же­би ќе ста­не­ше и Ван­ков­ска. Ва­ка и куќ­ни­от со­вет е да­ле­чен по­им…

 

analiza140-1-1

 

Опас­но­ста од чо­ве­кот што не­ма што да за­гу­би

analiza140-1-2Нај­ло­ши­от ду­ел е со чо­век што не­ма што да за­гу­би, а мо­же да до­бие мно­гу до­кол­ку ве по­бе­ди. Ова е ста­ра­та ви­сти­на, ко­ја во мо­мен­тов го кра­си ли­кот и не­де­ло­то на акту­ел­ни­от ли­дер на СДСМ, кој, ко­неч­но, сфа­ти де­ка е ко­ла­та­рал­на ште­та во на­ди­гру­ва­ња­та на не­го­ви­от по­ли­тич­ки гу­ру, па­па, мен­тор и або­ли­ци­ски спа­си­тел во не­го­ва­та са­мо­за­мис­ле­на ва­ти­кан­ска пар­ти­ја со Гру­ев­ски. Цен­тар­ска­та ви­сти­на за вос­при­е­ма­ње­то на ви­сти­на­та на СДСМ за Ма­ке­до­ни­ја ги отрез­ни и им ја пре­до­чи ви­стин­ска­та сли­ка и рас­по­ред на си­ли­те, ко­ја е да­ле­ку од оче­ку­ва­на­та. За­тоа ли­де­рот-очај­ник, ве­лат из­во­ри од пар­ти­ја­та, ќе фр­ли сѐ на ед­на, единс­тве­на кар­та – не­ми­ри, кон­фрон­та­ции со по­ли­ци­ја­та и ин­ци­ден­ти. Кол­ку по­ве­ќе те­па­ње, по­вре­де­ни, при­тво­ре­ни (и не дај Бо­же жр­тви) тол­ку по­до­бро за вр­ху­шка­та, ко­ја со ова ќе го оправ­да сво­е­то три­ме­сеч­но де­то­ни­ра­ње не­бу­ло­зи и глу­по­сти. Проб­ле­мот е што во овој кон­кре­тен слу­чај, ор­га­ни­за­то­рот на „спон­та­ни­те“ про­те­сти во за­лог ја има сво­ја­та сло­бо­да. Исти­от тој тре­ба да ја пре­зе­ме од­го­вор­но­ста за си­те пос­ле­ди­ци. Те­шко… Мо­же­би и по­ве­ро­јат­но це­ли кон ла­вро­ви­от ве­нец. Со­о­чен со соз­на­ни­е­то за бе­ља­та ко­ја ја на­пра­вил, но и за пу­шта­ње­то низ во­да од мен­то­рот, чу­ва­рот на тро­нот ќе за­и­гра без скру­пу­ли – во пра­ша­ње е не­го­ва­та сопс­тве­на, ска­по­це­на ко­жа, вред­на 12 ми­ли­о­ни евра. Тие јав­но и јас­но ти­пу­ва­ат на ме­ѓу­ет­нич­ки су­ди­ри и на су­дир ме­ѓу две­те спро­тив­ста­ве­ни гру­пи под­др­жу­ва­чи на ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки оп­ции. И се­то тоа во кон­сте­ла­ци­ја со Го­шин­це, го­ле­мо­ал­бан­ски­те при­каз­ни, пре­врат во ИВЗ и „Тур­ски тек“?! И та­ка, Ма­ки­ја­ве­ли им до­не­се по ча­ша во­да. И уште ед­на…

 

Aleksandar-Pandov-analizaПан­дов: При­род­на ре­ак­ци­ја на лу­ѓе со тол­ку гнев и омра­за во се­бе

Во по­долг пер­и­од СДСМ е во те­жок очај и де­пре­си­ја, а што е и нај­ло­шо во дла­бо­ка без­и­деј­ност, ве­ли Але­ксан­дар Пан­дов. Спо­ред поз­на­ва­чот на со­стој­би­те, во­де­ни од тоа де­ка за три де­на ќе ја ур­нат вла­да­та, а еве по­ми­наа три ме­се­ци и ни­што од таа ра­бо­та, до­пол­ни­тел­но што по тол­ку вре­ме и ис­пу­ка­ни три­е­сет бом­би ве­ќе ни­кој и не им ги ни слу­ша, а уште по­мал­ку гле­да прес-кон­фе­рен­ци­и­те, тие ре­ши­ја да се ис­про­ба­ат со улич­на де­мо­кра­ти­ја.

ПАНДОВ: По си­те оби­ди што ги ви­дов­ме до­се­га од нив да на­пра­ват су­дир со нив­ни­те не­и­сто­мис­ле­ни­ци, да­ли на де­бат­ни еми­сии или на слу­чај­ни сред­би, ап­со­лут­но е за оче­ку­ва­ње де­ка на по­го­лем пар­ти­ски со­бир тие ќе да­дат сѐ од се­бе за да пре­диз­ви­ка­ат не­ми­ри и ха­ос. Впро­чем, тоа е и при­род­на ре­ак­ци­ја на лу­ѓе што во се­бе но­сат огром­на ко­ли­чи­на гнев и омра­за и лу­ѓе што во ли­кот на еден до­ка­жан лаж­го и гу­бит­ник гле­да­ат свој ли­дер и пре­тсе­да­тел. За сре­ќа на Ма­ке­до­ни­ја и на си­те неј­зи­ни гра­ѓа­ни, нив­ни­от број е мно­гу мал. Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те се иск­лу­чи­тел­но по­ли­тич­ки пис­ме­ни и ни­ка­ко не­ма да му доз­во­лат на еден пал­ја­чо во ли­кот на За­ев да ги на­ру­ши ми­рот и ста­бил­но­ста на на­ша­та та­тко­ви­на. Да се по­тсе­ти­ме де­ка и на 24 де­кем­ври 2012 го­ди­на СДСМ се оби­де со си­ла да го за­зе­ме ма­ке­дон­ско­то Со­бра­ние, па на­ро­дот спон­та­но се со­бра и ги спре­чи во таа на­ме­ра. Ко­неч­но, ве­ру­вам де­ка и ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја буд­но ќе го сле­ди тој на­стан, та­ка што си­те нив­ни на­по­ри со на­силс­тво да на­пра­ват пре­врат во др­жа­ва­та ќе оста­нат са­мо обид.

Од­ло­жу­ва­ње­то на про­те­стот е по­ве­ќе од ор­га­ни­за­ци­ски ка­ра­ктер, откол­ку што го че­каа Бран­ко да се ја­ви и да ги по­чи­ту­ва­ат не­го­ви­те ста­во­ви, сме­та Пан­дов. По­тсе­ту­ва де­ка со до­а­ѓа­ње­то на че­ло на СДСМ, пр­во­то не­што што го на­пра­ви­ја За­ев и Ше­ќе­рин­ска бе­ше „шу­ти­ра­ње­то“ над­вор од пар­ти­ја­та на си­те лу­ѓе што би­ле во ра­ко­водс­тво­то на Бран­ко Цр­вен­ков­ски или за кои тие це­не­ле де­ка се бли­ски со не­го.

ПАНДОВ: И са­ми­от Цр­вен­ков­ски по­твр­ди де­ка од не­го­во­то за­ми­ну­ва­ње до се­га са­мо три­па­ти се срет­нал со За­ев, а и низ це­ло­то ин­терв­ју наг­ла­се­но го­во­ре­ше де­ка тој не­ма ни­што со ова ра­ко­водс­тво и де­ка е да­ле­ку од тоа да се сог­ла­су­ва со нив­на­та по­ли­ти­ка и на­чин на во­де­ње на нив­на­та, по­точ­но не­го­ва­та пар­ти­ја. Единс­тве­но­то не­што за што иска­жа сог­лас­ност со акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво е нај­а­ве­ни­от про­тест, но и око­лу не­го иска­жа ре­зер­ви­ра­ност де­ка ова ра­ко­водс­тво има си­ла и ви­зи­ја ка­ко да го ор­га­ни­зи­ра и во­ди. Не­што што ме­не ми оста­ви по­се­бен впе­ча­ток е тоа што Бран­ко, зна­еј­ќи ги на­ме­ри­те на За­ев, це­ли­от про­тест да го на­со­чи во улич­ни не­ми­ри и на­силс­тво, не­кол­ку па­ти наг­ла­си де­ка мо­ра да би­де ми­рен и без агре­си­ја. Во­ден од сво­ја­та су­е­та и его, екс­ли­де­рот на СДСМ нај­бру­тал­но си ги мо­но­по­ли­зи­ра збо­ро­ви­те про­тест и от­пор, ка­ко не­гов па­тент! На кра­јот од де­нот Бран­ко и не­го­ва­та стру­кту­ра се­ка­ко де­ка ќе ус­пе­ат тој про­тест да си го ста­ват на свое кон­то и ќе гле­да­ат да си го ре­а­ли­зи­ра­ат во прес­ме­тка­та за нов пре­тсе­да­тел и ра­ко­водс­тво на СДСМ по за­тва­ра­ње­то на За­ев.

На пра­ша­ње­то за оче­ку­ва­ња­та за раз­вр­ска на акту­ел­ни­те со­стој­би во др­жа­ва­та, со си­те по­вр­за­ни слу­чу­ва­ња, Пан­дов по­јас­ну­ва де­ка си­те тие пле­ну­ми, нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции и раз­но­раз­ни пор­та­ли се лу­ѓе пла­те­ни од Вла­де Мил­чин и од не­го­ва­та фон­да­ци­ја спон­зо­ри­ра­на од Со­рос.

ПАНДОВ: За­тоа и про­те­сти­ра­ат, ед­но­став­но мо­ра­ат да си ги одра­бо­тат па­ри­те, за тоа се пла­те­ни. Ама, пак, за­тоа и гле­да­ме по 50 до 100 лу­ѓе на се­кој нив­ни про­тест. Сѐ до­де­ка ѝ е доз­во­ле­но на фон­да­ци­ја­та на Мил­чин да ра­бо­ти во Ма­ке­до­ни­ја, ние по­сто­ја­но ќе гле­да­ме ед­ни­те те исти лу­ѓе ка­ко пред не­ко­ја ма­ке­дон­ска ин­сти­ту­ци­ја сто­јат со транс­па­рен­ти што не­кој им ги ста­вил на­пи­ша­ни в ра­це. Тоа што, се­ка­ко, ра­ду­ва е тоа што, ко­неч­но, се под­не­се­ни об­ви­не­ни­ја и ќе поч­не суд­ска­та по­стап­ка. То­гаш ве­ќе на се­ко­го ќе му ста­не јас­но што, за ко­го и за чии ин­те­ре­си одра­бо­ту­ва­ле За­ев и дру­жи­на­та. По за­вр­шу­ва­ње на суд­ска­та по­стап­ка ќе се отво­ри сло­бо­ден про­стор, пред сѐ, за да се вра­тат из­бра­ни­те опо­зи­ци­ски пра­те­ни­ци во со­бра­ни­е­то и та­му да про­дол­жи по­ли­тич­ки­от дел. Во са­ми­от СДСМ мис­лам де­ка не­ма баш лес­но да мо­жат да из­бе­рат нов пре­тсе­да­тел, со ог­лед на со­стој­ба­та во ко­ја се на­о­ѓа таа пар­ти­ја и по­дел­би­те што до­пр­ва ќе исп­ли­ва­ат на по­вр­ши­на. От­та­му не­ма да ме чу­ди ве­ќе на есен да се по­ја­ват но­ви пар­тии со со­ци­јал­де­мо­крат­ски предз­нак.

 

Vasko-Eftov-300Ефтов: 17 мај е пос­лед­на шан­са за За­ев

Сѐ се све­ду­ва на нај­а­ве­ни­от го­лем ми­тинг на 17 мај во Скоп­је. Во овие две не­де­ли ќе би­дат вле­че­ни бр­зи и ри­зич­ни по­те­зи би­деј­ќи За­ев ве­ќе не­ма ни­ту вре­ме ни­ту го­лем ма­не­вар­ски про­стор, па мо­ра да по­ка­же си­ла на те­ре­нот, ве­ли но­ви­на­рот Ва­ско Ефтов за „Прес 24“.

ЕФТОВ: Ре­ал­но, тој ми­тинг на 17 мај му оста­на ка­ко пос­лед­на шан­са на Зо­ран За­ев. Се­га има на рас­по­ла­га­ње две не­де­ли за со бом­би­те да го ра­ди­ка­ли­зи­ра ма­ке­дон­ско­то мил­је, ал­бан­ска­та јав­ност и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца.

Спо­ред не­го, За­ев по­ка­жа фан­та­стич­на ве­шти­на да соз­да­ва ла­жен оп­ти­ми­зам во јав­но­ста, ко­ја му е нак­ло­не­та. Ла­ни со ан­ке­ти­те за по­бе­да на Пен­да­ров­ски, па со „ве­ту­ва­ње­то“ за пад на вла­да­та три де­на по бом­би­те.

ЕФТОВ: Се­га гле­да­те ка­ков оп­ти­ми­зам се ши­ри и се вр­зу­ва за нај­а­ве­ни­от ми­тинг на 17 мај. За да ин­ве­сти­ра­те  и да го ду­ва­те ба­ло­нот полн со ла­жен оп­ти­ми­зам вие мо­ра по­сто­ја­но да ја бом­бар­ди­ра­те јав­но­ста со сѐ по­го­ле­ми на­де­жи и оче­ку­ва­ња. И по­тоа раз­о­ча­ру­ва­ња­та да ги ле­ку­ва­те со об­ви­ну­ва­ња за из­бо­рен фал­си­фи­кат те­жок 200 ил­ја­ди гла­со­ви. Зна­е­те што е фал­си­фи­кат те­жок 200 ил­ја­ди гла­со­ви? Тоа е ка­ко да ја фал­си­фи­ку­ва­те вол­ја­та на си­те скоп­ја­ни што из­лег­ле на гла­са­ње или да ја фал­си­фи­ку­ва­те из­бор­на­та вол­ја на гла­са­чи­те што гла­са­ле во Стру­ми­ца, Штип, При­леп, Би­то­ла и во Охрид за­ед­но. До ко­га ќе трае тоа ши­ре­ње ла­жен оп­ти­ми­зам? Сѐ до­де­ка За­ев рас­по­ла­га со мно­гу па­ри.

 

analiza140-1-3

analiza140-1-4

Ге­не­рал­ни про­би за 17 маj, фа­бри­ка­та бре­вта во три сме­ни

Во Ма­ке­до­ни­ја во тек се по­ве­ќе ге­не­рал­ни про­би за 17 мај. Не­шков­ски, Мла­де­нов, име­то, страш­ни­те убис­тва на Смиљ­ков­ско Езе­ро – си­те суд­бин­ски, цр­ни дам­ки на кои пре­ве­зот на ми­сте­ри­ја им го на­мет­наа ток­му но­ви­нар­ски­те фа­бри­ки на СДСМ соз­да­вај­ќи фин­ги­ра­на фа­ма со ко­ри­сте­ње на бол­ка­та на се­мејс­тва­та и на на­ци­ја­та. До­бра увер­ти­ра на За­ев за де­нот Д за не­го, кој по­ра­ди ор­га­ни­за­ци­ска не­моќ го од­ло­жи за це­ла не­де­ла, пр­вич­но пла­ни­ран за 9 мај, па „пре­ме­стен“ за 17 од раз­бир­ли­ви при­чи­ни – не­до­вол­но под­др­жу­ва­чи и на­род, или сто­ка спо­ред дел од не­го­ва­та вр­ху­шка… Дуп­ка­та во до­би­е­ни­те се­дум де­но­ви тре­ба да ја пре­мо­стат но­ви­те веж­бов­ни про­тест­ни актив­но­сти, под­гре­а­ни и ини­ци­ра­ни од са­мо­за­да­де­ни­те кон­тек­сти на „бом­би­те“, но и оста­то­кот на ор­ке­ста­рот – де­се­ти­ци­те пле­ну­ми, „нев­ла­ди­ни“ ор­га­ни­за­ции и, се­ка­ко, но­ви­нар­ска­та фа­бри­ка, ко­ја тре­ба се­то ова да му го „доб­ли­жи“ на на­ро­дот. И та­ка, гле­да­ње­то ве­сти сра­бо­те­ни во овие по­го­ни или чи­та­ње­то на со­од­вет­ни­те фа­бри­кант­ски пор­та­ли ве фр­ла во те­шка де­пре­си­ја, ко­ја, на­про­тив, е кон­тра ела­нот и ра­до­ста на си­те овие „бор­ци за де­мо­кра­ти­ја“ или по­ве­ро­јат­но бор­ци за по­до­бри по­зи­ции во вла­да­та на СДСМ, кои во­ве­доа и тре­та сме­на, са­мо за да го по­стиг­нат по­са­ку­ва­но­то. Во „Фа­бри­ка­та“ , скру­пу­ли­те се ма­на, а доб­ле­ста се ме­ри во ко­ли­чес­тво­то зе­ле­ни банк­но­ти од аме­ри­кан­ски­от фи­лан­троп. Жел­би­те се зго­ле­му­ва­ат со 33 ми­ли­о­ни на Со­рос за не­ми­ри­те во „не­го­ви­от“ Фер­гу­сон, а со­нот го прет­ста­ву­ва ми­ли­јар­да­та на „фи­лан­тро­пот“ за Укра­и­на. За вра­бо­те­ни­те во за­бре­вта­на­та фа­бри­ка ова се прем­но­гу ми­ли­о­ни „до­бри“ при­чи­ни за пре­не­брег­ну­ва­ње на на­ци­о­нал­но­то чув­ство и ка­кви и да е скру­пу­ли.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 140. број на неделникот „Република“, 8.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top