Никола Бакрачески победува во првиот круг. Според извори на „Република“, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ги добил гласовите во сите приградски населби и охридски села. Единствено тесна битка меѓу Бакрачески и неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Петрески, се водела во централното градско подрачје. Неофицијално, Охрид добива нов градоначалник уште во првиот изборен круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.