| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно гореше македонското знаме на Косово, навреди и за кошаркарите

pek

Повторно гореше македонското знаме на Косово и пак недоличниот чин се случи на спортски натпревар. Во Пеќ на кошаркарскиот меч меѓу Пеја и Приштина, на трибините беше запалено македонското знаме, а беа навредувани и Бојан Трајковски кошаркра што игра за Приштина и тренерот на истиот тим, Марјан Илиевски.

Во текот на целиот натпревар домашните навивачи ги исвиркувале и ги навредувале Македонците, Бојан Трајковски и Марјан Илиевски, известува тамошниот портал „gazetalajmi.com“. Инцидент претходно се случи и кога кошаркарскиот клуб Куманово беше гостин на Косово, а македонското знаме гореше и на трибините за време на фудбалски меч.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top