| четврток, 6 декември 2018 |

Српски уметници изложуваат во галеријата на МКЦ

Во Галерија МКЦ вечерва, 15-ти мај со почеток во 20 часот, ќе биде отворена групна изложба на српските уметници Мирослав Живковиќ, Братислав Басиќ и Владимир Јанковиќ.

Авторите ќе се престават со слики и цртежи работени последниве години.

Мирослав Живковиќ е роден 1972 година во Ниш – Србија. Завршил Факултет за уметности и постдиполомски студии во класата на професор Хилмије Чатовиќ 1998 година. Имал 33 самостојни изложби. Работи на Факултетот за ликовни уметности во Ниш како вонреден професор за предметот вечерен акт. Член е на УЛУС.

Братислав Басиќ е роден 1962 година во Ниш – Србија, студирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Белград во класата на Војислав Тодоробиќ. Со дипломирањето во 1987 година станува и член на УЛУС, магистрирал 1990 година. Имал триесет самостојни изложби. Работи како вонреден професор на Факултетот за уметности во Ниш.

Владимир Јанковиќ е роден 1952 година во Алексинац – Србија, дипломирал на Факултетот за уметности, сликарски отсек во Белград 1987 година , 1981 дипломирал на постдипломски студии на истиот факултет. Член е на УЛУС од 1980, а од 1912 член на УЛУПУДС. Работи како вонреден професор на факултетот во Ниш, на сликарскиот отсек. Досега има остварено 42 самостојни изложби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top