Неименуван претставник на безбедносните органи на САД изјави дека е уапсен маж кој се обидел да лансира беспилотно летало пред оградата на Белата куќа.
Се уште не е познато дали приведениот сакал дронот да го насочи кон Белата куќа или да направи фотографии од воздух.
Инцидентот се случува за неполни четири месеци откако припадник на разузнавачката служба, кој не бил на работа, лансира дрон, кој слета во дворот на Белата куќа. Тогаш службата за безбедност на претседателот соопшти дека беспилотното летало не претставувало закана за безбедноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.