Со дуелот во кој екипата на Металург го победи составот на Пролет, попладнево стартуваше тридневната програма од завршницата на 23-тото издание на ракометниот Куп на Македонија.
Актуелниот шампион на Македонија, Металург е првиот финалист во националниот куп, откако попладнево во првиот полуфинален меч во машка конкуренција, одигран во СРЦ Кале во Скопје, ја победи екипата на Пролет со 24:20.
Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Дарко Ѓукиќ со пет постигнати голови, а по еден помалку имаа Ојлески и Бувиниќ, додека кај Пролет водено и на натпреварот најефикасен беше Славиша Димитриевски со 7 гола.
За очекување е противник на Металург во саботното финале да бидат ракометарите на Вардар кои важат не само за фаворит во мечот со Зомимак, туку и за главни фаворит за освојување на трофејот како во купот така и во шампионатот на Македонија.
Втората полуфинална средба меѓу Вардар и Зомимак ќе започне од 19 часо и 30 минути.
Финалето на програмата е в сабота од 18 часот и 30 минути, во СЦ „Јане Сандански“ каде од 15 часот ќе се игра и женското финале, откако утре дамите ќе ги одиграат своите полуфинални средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.