| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров со гол во последните секунди го одведе Атлетико Мадрид во четврт-финалето на ЛШ (видео)

Во вторник во 12 часот е ждрепката во Виена каде што е седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и каде што ќе се извлечат двојките за четврт-финалето на ЛШ

Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, со гол во последните секунди го однесе својот Атлетико Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) откако го победи Фуксе Берлин со 27-26. Во првиот натпревар мадриѓаните одиграа нерешено на домашен терен, 29-29.

лазаров

Освен Атлетико Мадрид, во последната елиминациска фаза и македонскиот првак Металург обезбеди место во завршницата елиминирајќи го Динамо Минск во саботата. Пласман уште обезбедија и Барселона, Киелце, Хамбург, Веспрем и Фленсбург.

Во вторник, во 12 часот, ќе се одржи ждрепката во Виена, каде што е седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и каде што ќе се извлечат двојките за четврт-финалето на ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top