| четврток, 6 декември 2018 |

Петр Чех се сели во Бешикташ

Долгогодишниот голман на англискиот премиерлигаш Челси, Петр Чех, започна преговори за трансфер во турскиот клуб Бешикташ, откри неговиот агент Виктор Колар.

Чех го загуби првотимскиот статус со доаѓањето на Тибо Куртоа и легендарниот чешки голман падна во втор план во изборот на Жозе Мурињо. Сепак голманот остана до крајот на сезоната во редовите на Челси, но по се изгледа тој ќе побара нов ангжман. Најблиску до доведување во своите редови е турскиот тим Бешикташ кој ги започнал преговорите со неговиот менаџер.

– Во контакт сме со Бешикташ, и почнавме разговори. Изборот на Чех е Турција, но ќе почекаме да заврши сезоната – истакна агентот.

Иако за Чех постоеше интерес од Арсенал, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, тој сепак преферира преселба во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top