| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими повторно избран во тимот на сезоната во Словенија

Македонскиот репрезентативец во редовите на Марибор, Агим Ибраими, влезе во потесниот избор од тројца фудбалери во словенечкиот шампионат за најдобар играч оваа сезона, но, сепак, ова признание му припадна на играчот на Целје, Бенјамин Вербич.
Ибраими зад себе остави уште една квалитетна сезона во дресот на Марибор, по која повторно е во идеалниот тим. Во согласност со најавите, се очекува ова лето Ибраими да реализира трансфер надвор од Словенија, но не се исклучува можноста да биде дел од тимот низ квалификациите за Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top