Италијанскиот тим Рома е пред потпишување спонзорски договор со „Етихад ервејс“, богатата авиокомпанија од Обединети Арапски Емирати, вреден 28 милиони евра годишно.
Според најавите, 14 милиони евра се наменети за спонзорски договор со „римската волчица“ додека втората половина е за правата врз името на новиот стадион кој го гради Рома и треба да биде готов до 2017 година. Сегашното име на прекрасното фудбалско здание е „Стадио дела Рома“, кој многу брзо ќе биде ребрендиран во „Стадио Емирати дела Рома“.
„Етихад ервејс“ минатата година купија половина од акциите на италијанскиот национален авиопревозник „Ал Италија“, а фактот дека новиот стадион кој римскиот клуб треба да го заврши во 2017 година е на половина пат од аеродромот „Фјумичино“, брендирањето на стадионот од страна на „Етихад“ е маркетиншки потег за дополнително ширење со свои операции на Медитеранот.
Капацитетот на новиот стадион е 52 илјади гледачи, а ќе може да се прошири до 60 илјади за големи мечеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)