Флоренс Ригни е името на најстарата медицинска сестра во САД.Таа неделава го прослави својот 90 –ти роденден и тоа на своето работно место во општата болница Такома во Вашингтон.
– Ја обожувам мојата работа. Уште кога бев девојче, тоа беше мојот сон – изјави Флоренс.
Инаку Флоренс започнала да работи како медицинска сестра уште во далечната 1946 година, што значи дека веќе има работен стаж од неверојатни 69 години, но не планира наскоро да замине во пензија.
Пред две години Флоренс престана да работи со пациентите , но се уште работи како медицинска сестра и двапати во неделата ја подготвува операционата сала за зафат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.