| четврток, 6 декември 2018 |

Спориот метаболизам оневозможува губење на вишок килограми

диета

Според резултатите од истражувањата објавени во журналот „Дијабетес“, некои луѓе едноставно имаат спор метаболизам кој ги оневозможува да ги загубат вишокот килограми.

Брзината на метаболизмот, т.е. брзината со која организамот ја троши енергијата додека мирува се изразува со БМР бројот, односно бројот на калории кои ги троши базалниот метаболизам.

Истажувачите од националниот институт за здравје испитале 12 лица со зголемена телесна тежина кои ги ставиле на диета шест недели. Тие постеле еден ден, а потоа ги редуцирале калориите. Учесниците биле следени секој ден, а истражувачите ги интересирало колку калории трошат во секојдневните активности.

Било откриено дека луѓето со спор метаболизам и покрај намаленото внесување на калории, слабењето одело потешко, бидејќи организамот се трудал да ги задржи калориите. Тие изгубиле најмалку калории. Луѓето со забрзан метаболизам добро реагирале на екстремното намалување на калориите и брзата диета и изгубиле повеќе килограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top