Повеќе од седумдесет отсто од Белгијците се сопственици на становите во кои живеат. Оваа бројка соодветствува со статистикие од пред 10 години.
Во Белгија во 2004 година 72,2 отсто граѓани поседувале стан во кој живееле. Десет години подоцна тој процент е скоро непроменет и изнесува 72,3 отсто, пренесуваат медиумите во таа земја.
Половина од сопствениците на становите уште ги отплатуваат ратите од станбениот кредит.
Само 27 отсто Белгијци живеат под кирија.
Во 2011 година во 2,96 милиони станови во Белгија живееле нивните вистински сопственици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.