| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО

poposki_g1Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатлантскиот совет на НАТО во формат „Решителна поддршка“, што денеска и утре ќе се одржи во Анталија, Република Турција, јави МИА.

На состанокот, како што информира МНР, ќе се разгледуваат прашања поврзани со мандатот на мисијата во Авганистан предводена од НАТО, чија цел е преку обука, тренинг и помагање на авганистанските безбедносни сили, воспоставување стандарди, процеси и системи кои ќе ѝ овозможат на авганистанската влада да ја преземе целосната одговорност за безбедноста на земјата.

Во рамки на состанокот министерот Попоски ќе има излагање, а ќе оствари и билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО за промоција и остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top