| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во интервју за „Алсат М“ издаде државна тајна (видео)

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, вчера во емисијата „360“, која се емитуваше на телевизијата „Алсат М“, издаде државна тајна со тоа што во јавноста изнесе податоци што ги дознал и за кои се разговарало на седницата на Советот за безбедност одржана вчера кај претседателот Ѓорге Иванов.

– Но, дел од одговорите беа „истрагата ќе покаже“ и „ме излажаа“. Ме излажаа затоа што прашав „колку време ја следеле оваа криминална терористичка група“, рекоа 8 месеци.  Јас имам докази дека е една година и 8 месеци – рече Заев.

Опозицискиот лидер во емисијата призна дека во СДСМ имале докази за движење на криминални структури кои си ги примопредале со поранешниот лидер Бранко Црвенковски, признавајќи дека во СДСМ постои паралелна безбедносна служба.

-Ние сме СДСМ, ние сме тие што поседуваат докази и ги споделуваме со јавноста. Следењето на оваа група од септември 2013 година, јас имам докази кај мене, а станав непосредно претседател. Можеби поранешниот претседател на СДСМ имал докази и пред септември 2013 одина. Но, од септември, во согласност со сите наши безбедносни комисии служби кои постојат во партијата, имаме докази дека година и 8 месеци минимум се следела таа група со сите нејзини активности – вели Заев.

Ова е тежок скандал кој уште еднаш по кој знае пат го покажува нестабилниот карактер на Заев, немањето на никаков политички капацитет и кредибилитет. Тој се раководи само од личниот и теснопартиски интерес притоа загрозувајќи ги интересите на државата и на граѓаните.

Заев издаде државна тајна која во строго доверлив формат се зборувала на состанок на највисокото безбедносно тело во државата а тоа е националниот совет за безбедност. Заев не смее по ниту една цена да споделува информации и дискусии кои таму се зборувале. Тоа е недозволиво. Заев пред состанокот потпишал и безбедносен сертификат со кој се обврзува на чување во тајност на информациите кои се дискутирале на Советот, кој грубо го прекрши со издавањето на информациите.

Вториот аспект на овој голем скандал е тоа што Заев јавно признава дека во СДСМ тој формирал паралелна безбедносна структура која дејствува незаконски и која го подрива националниот безбедносен систем. Се поставува прашање дали оваа безбедносна паралелна структура ја раководел токму Верушевски кој заедно со Заев е осомничен за незаконски дејства, и кој ја води сега по притворот на Верушевски? Ако о ова вистина тогаш таа паралелна безбедносна структура е одговорна за координираниот напад на насилните демонстранти врз полицијата пред Владата кој се случи на 5 и 6 мај, при што беа повредени над 38 полицајци.

Она што е најскандалозно и најбрутално е изјавата на Заев дека тој наводно знаел дека групата терористи била лоцирана и следена определен период но тоа не го пријавил. Со оваа изјава тој става печат на перцепцијата дека е велепредавник и е блиску и до основ на инкриминација по овој кривичен став. Значи заев знаел за терористите, не пријавил и дозволил тие да вршат загрозување што на крај резултираше со херојска акција ан полицијата при што загинаа 8 полицајци. Срамно и брутално е ова однесување на Заев. Втор аспект кој исто така е скандалозен е легитимното прашање кое се отвора со оваа негова изјава а тоа е дали знаејќи за терористите тој на некој начин и стапил во контакт со нив директно или индирекнто и направил определен дил? Во најмала рака доколку знаел за нив и за нивните планови дали не ги димензионирал своите активности и насилни протести во моменти кои би им овозможиле поголем маневарски простор на терористите додека полицијата е окупирана со насилниците на Заев. Како што беше објавено токму на 5 и 6 мај кога Заев им нареди на своите насилници да ја нападнат Владата и да ги дефокусираат просторно полициските сили, голем дел од терористите влегле во државата и се стационирале во Дива населба, и тогаш ова е свесно соучесништво во нивните планови.

Ова се многу прашања за кои во САД, Германија и Франција на пример веднаш би се заинтересирало и обвинителството.

И на крај, не навлегувајќи во тоа дали се работи за дворска игра во СДСМ, Заев директно го посочи и Бранко Црвенковски дека и тој знаел за овие терористи со што директно дел од вината и одговорноста за ова ја префрли и на поранешниот претседател на сдсм. Независно од нивните внатрепартиски односи во ваков случај и Бранко Црвенковски е ставен на столбот на срамот со тоа недржавничко однесување. За работите да станат докрај јасни останува само Заев да доразјасни дали токму Бранко Црвенковски ја формирал паралелната безбедносна служба на сдсм и кого поставил за раководител на таа служба?

Со ваквиот одговор, Заев го набеди Црвенковски дека и тој имал докази за криминални дејствувања на криминално терористички групи. Заев иако ги знаел овие информации сепак не ги пријавил, односно не ги доставил до органите на прогонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top