| четврток, 6 декември 2018 |

Агим Ибраими е номиниран за најдобар фудбалер во Словенија

Македонскиот репрезентативец и член на Марибор Агим Ибраими, е номиниран во потесниот круг на фудбалери во Словенија за најдобар играч во домашниот шампионат за сезоната 2014/2015.
Ибраими според изборот на стручната јавност и новинарите од таа земја е во потесниот круг од тројца фудбалери меѓу кои ќе се бара најдобриот фудбалер.
Покрај нашиот репрезентативец номинирани се и соиграчот од Марибор Маркош Тавареш како и 21-годишниот крилен офанзивец на Цеље, Бенјамин Вербич.
Агим Ибраими се пресели во редовите на Марибор во 2011 година, каде со исклучок од неколку месеци кога настапуваше за Калјари е еден од најдобрите фудбалери во Словенија, лидер во тимот на Марибор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top