| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионски гест, МЗТ Скопје во хумана акција за помош на Максим Стојановски

Kosarka mzt-rabotnocki 1 (Small)

Македонскиот првак МЗТ Скопје направи шампионски гест со организирање хумана акција за помош на Максим Стојановски, момче кое има проблем со видот.

Од денеска почнува продажбата на билетите за натпреварот од 10. коло на Суперлигата помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кој ќе се одигра в петок, 15 мај со почеток од 19 часот.

Билетите ќе бидат по цена од 100 денари и ќе можат да се набават на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“, а целиот приход ќе биде наменет за помош на Максим Стојановски.

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАЛИОТ МАКСИМ СТОЈАНОВСКИ, кој е роден во 2012 година, има проблем со видот. По долгите испистувања е констатирано дека во Македонија нема решение за неговиот проблем. Единствена можност тој да почне да гледа е оперативен зафат (вбризгување аломпланти), кој се изведува во странство, на секои шест месеци, до постигнување на очекуваниот резултат, но за лекувањето се потребни околу 30.000 евра, кои семејството на Максим не е во можност да ги обезбеди.

Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да му помогнат на Максим преку донирање средства и на жиро-сметката: МАКСИМ СТОЈАНОВСКИ

ЕМБГ 1511012450131

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

ж-сметка бр. 210 700000613273

цен на дознака: донација за лекување во странство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top