Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во обид за политичко поентирање денеска ја посети кумановската Дива населба каде во изминативе два дена се одвиваше голема акција за сузбивање на терористичката група.
Она што наиде на остра осуда од јавноста и жестоки реакции по социјалните мрежи е тоа што Зоран Заев го искористи моментот, во период кога Македонија жали по осумте прерано згаснати животи на македонски полицајци тој насмеан и среќен прави селфи од лице место на настаните и во позадина се надзираа рушевини кои говореа за сериозноста на акцијата.
![]()
Ниту Зоран Заев ниту некој од раководстцвото на СДСМ досега не пројави никаков интерес и не ги посети ниту повредените полицајци од акцијата во Куманово, ниту пак специјалците од полицијата кои учествуваа во самата акција.
Изминатото деноноќие во Скопје се појавија графити со прашање Заев задоволен си? Лавината коментари на социјалните мрежи се: Заев се враќаш ли како злосторник на лице место на настаните? Како не ти е срам. Не ги посети полицајците ниту повредените а истрча во Куманово?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


