Националната платформа за електронско издаваштво „Македоника“ (www.makedonika.mk) ја објави 500. бесплатна е-книга. Со ова е направен првиот и најважен чекор во создавањето на македонската Александриска библиотека.
Големината на овој проект се препознава во афирмацијата на македонската литература, зачувувањето на книжевното наследство, поттикнувањете на читањето, како и промовирањето нови автори и модерни текстови.
Преку 34.000 регистрирани читатели секојдневно добиваат и читаат книги од богатото македонско книжевно творештво. Доволна е само едноставна и бесплатна регистрација и секој може да стане член на оваа виртуелна комуна на вљубеници во убавиот пишан збор.
Јубилејната книга што сите Македонци ќе може бесплатно да ја читаат, независно каде и да живеат во светот, е „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ од Блаже Миневски. Станува збор за супериорен роман што спаѓа меѓу најатрактивните и највредните прозни дела напишани кај нас. Сјаен, силен и провокативен текст, што се чита во еден здив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.