| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Грција може да банкротира

evro-grcija-600x275Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди дека е можно Грција ненадејно да западне во банкрот, пренесува „Зеро Хедџ“.

Без постигнување на договор во однос на спроведувањето на реформите, Грција нема да добие спасувачка помош во вредност од 7,2 милијарди евра, а рокот за тоа истекува во понеделник.

– Не гледам како се тоа ќе се промени до тогаш, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Според него во тој процес постојат некои ирационални елементи, а примерите од секаде во светот покажуваат дека земјата може ненадејно да западне во банкрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top