| четврток, 6 декември 2018 |

Кучето Рипли спаси 17 луѓе од урнатините во Непал

ripley21

Кучето-скитник Рипли такало по улиците на Сијукс Сити во Ајова, кога бил вдомен во Спасувачкиот центар за животни. Поради неговиот вишок на енергија, неговиот спасител и тренер Гери Енгел одлучил да го истренира Рипли да стане куче спасувач.

По катастрофалниот земјотрес во Непал, тој ги покажа сите свои вештини во пракса.

Кучето со неговиот водич досега успеало да го спаси 17 луѓе кои биле пронајдени под урнатините на згради, вклучувајќи и една 15-годишна девојка.

“Мислевме дека никој никогаш нема да го посвои бидејќи беше постојано немирен и вознемирен. Но, токму овие карактеристики на кучињата се бараат во вакви случаи Непал.

Тие може долго да останат на нозе и да останат доволно фокусирани на спасувањето”, изјави неговиот тренер Гари Енгел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top